За истражувањето на народната култура

Ljupčo Risteski

Apstrakt: Основата на теориските разгледувања и анализи на народната култура се етнографските и фолкорните материјали на народната култура на Македонците. Во анализата се прави обид за дефинирање на сите карактеристични елементи на народната култура. Со оглед на тоа што народната култура се определува како динамична категорија, анализирани се нејзини одделни сегменти кои придонесуваат овој вид култура да има свои специфичности. Тие се посебно забележливи во системот на мислење и системот на однесување на поединците и на заедниците што се носители на оваа категорија култура. Во понатамошната анализа на народната култура се разлгедува еден многу значаен феномен на пренесување на културната информација кај овие култури – усноста. Освен овој механизам, кој ја чини основната кумулативна база на народната култура, обредот е, исто така многу значајната форма на актуелизација и на пренесување на информациите, и тоа на неколку различни нивоа: преку обреди што се извршуваат во рамките на основната сродничко-социјална заедница, а тоа е семејството, потоа обреди што се реализираат на ниво на селската заедница, како и на ниво на посветени групи, и тоа во строго затворен круг учесници (обредни мистерии, баења и сл.).

Ključne reči: народна култура, Македонци, елементи на народна култура, пренесување на културна информација, обред

Citat u željenom formatu

Izaberite jezik

PDF

Preuzmite navođenja

Časopis i broj

Гласник Етнографског института САНУ, y. 2008, no. 56 (1), pp. 71-86